Ќерката на Хајди Клум позираше во минијатурно бикини: Ги запали социјалните мрежи, а еве како изгледа (ФОТО)

Ќерката на Хајди Клум позираше во минијатурно бикини: Ги запали социјалните мрежи, а еве како изгледа (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Лени тргна по стапките на нејзината мајка и веќе почна да ниже успеси...

Ќерката на Хајди Клум, Лени Клум со новата објава на социјалните мрежи покажа колку личи на мајка ѝ.

Имено, Лени на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во бикини, а многумина беа воодушевени од нејзината линија.

Таа на себе носеше розово бикини, а со оглед на тоа што лцието ѝ беше прекриено, во прв план беа нејзините долги нозе и витна линија.

На втората фотографија, го имаше кренато шеширот и покажа дека сѐ повеќе личи на својата мајка Хајди.

Лени тргна по стапките на нејзината мајка и веќе почна да ниже успеси. Во јануари минатата година, за време на берлинската модна недела во дигитално издание, имаше можност да биде дел од ревиите на некои од најголемите имиња, кога е Германската мода во прашање, а веќе во февруари позираше со мајка ѝ на насловната страница на германското издание на магазинот „Вог“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: