Ќерката на Харис Џиновиќ се пофали со видео од луксузното патување: Вечерала златен бургер од 170 евра (ВИДЕО)
Џина ја имала честа да ја услужи самиот Нусрет, а таа сето тоа го сними и им се пофали на своите следбеници на Инстаграм...
Наследничката на Харис Џиновиќ, Џина, ова лето навистина се препушти на уживањето, а сега на социјалните мрежи сподели некои од најинтересните моменти од луксузното патување на Миконос.
Убавата Џина уживала во луксузното грчко летувалиште, а една вечер го посетила и светски познатиот ресторан „Нуср-Ет“.
Таа уживала во познатиот ресторан, а на Инстаграм се пофали дека го пробала „светски“ познатиот златен бургер на Нусрет, чија цена изнесува неверојатни 170 евра.
Џина ја имала честа да ја услужи самиот Нусрет, а таа сето тоа го сними и им се пофали на своите следбеници на Инстаграм.
Инаку, рестораните на Нусрет се општо познати во светот, а особено ресторанот кој го има на Миконос. Во истиот уживаа и многубројни светски ѕвезди.