Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест со еден потег го освои светот: Подигна парче хартија и ја упати оваа порака (ВИДЕО)

Ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест со еден потег го освои светот: Подигна парче хартија и ја упати оваа порака (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Не е првпат Норт да привлече огромно внимание...

Ким Кардашијан и Канје Вест имаат четири деца, а нивната најстара ќерка Норт во последно време привлекува сѐ повеќе внимание. Така едно видео, кое дури и самата Ким го сподели, стана вирално.

Имено, Норт со мајка ѝ присуствуваше на ревијата која се одржа во Париз, каде седеше во прв ред. Папараците за целото време ги фотографираа нив две и сите останати познати личности кои се најдоа таму. Меѓутоа, едно видео направи вистински бум,

Токму во моментот кога камерата се свртела кон Норт, таа подигнала парче хартија на кое пишувало „СТОП“.

„Сите кои ја познаваат Норт знаат колку на неа ѝ е забавно ова видео. Претпоставувам дека ѝ здодеа луѓето да ја фотографираат, па затоа на поканата напиша „СТОП“ и го подигна парчето хартија, бидејќи сакаше да се фокусира на ревијата“ - напиша Ким во описот на видеото кое го сподели.

Ова не е прв момент во кој Норт покажува дека не ѝ годи тоа што нејзиното семејство и неа постојано ги следат папараци.

Исто така во Париз, кога го напиштале хотелот, Норт ги прашала фотографите: „Зошто не чекате цело време?“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: