Ќерката на Мадона се вози со јавен превоз: Како и целиот „обичен“ свет
Лордес Леон, најстарата ќерка на популарната пејачка Мадона, се возеше до Бруклин со метро и заспа додека патуваше, а папараците веднаш го фотографираа овој момент
Она што не можевме ни да го замислиме кога станува збор за деца на познати родители, во Америка, се чини дека е сосема очекувано.
Имено, најстарата ќерка на Мадона, Лордес Леон, беше фотографирана како се вози во јавен превоз во Њујорк. Наследничката на најголемата ѕвезда на светот најпрво чекаше во ред да купи билет за метро, а потоа влезе во него со својата пријателка.
Имајќи предвид дека Лордес подолго време се возеше со метрото, според странските медиуми, таа малку заспала. Иако ја смени бојата на косата во црвена, беше препознаена во јавниот превоз, а американските медиуми тврдат дека ќерката на поп-пејачката отпатувала за Бруклин.
Како и целиот „обичен“ свет, освен што се возеше, таа носеше едноставна тренерка, но и заштитна маска.
Фото: profimedia