Ќерката на Мадона во нова кампања: Влакната на телото се нормални и не треба да се срамите од нив (ФОТО)
Лурдес Леон е поборник на здравиот однос кон сопственото тело и прифаќањето на себе со сите маани и доблести...
Лурдес Леон предизвика многу реакции кога и во својата најнова кампања за „Calvin Klein“ покажа детаљ кој стана нејзин заштитен знак - влакната под пазувите.
На фотографиите се гледа како манекенката, додека ја покажува својата долга кафена коса, ги става рацете над главата и гордо ги покажува влакната под пазувите - нешто што го правела и претходно, вклучувајќи го и црвениот килим на Мет Гала, како и во септември кога беше дел од пролетната кампања на Марк Џејкобс во 2021 година.
Колекцијата носи разиграна, графичка естетика на долната облека, фармерките и маичките со кратки ракави. Имаше многу позитивни коментари, а за негативните критики, обожавателите на Лурдес го имаа следниот одговор: „Ако некому пречат неизбричени пазуви, не гледајте“.
Манекенката ја користи својата платформа за отворено да зборува уметноста, истражувањата и важноста на негувањето на здравото опкружување во светот на модата.
„Сакам да создадам свет во кој моделите ќе имаат повеќе слобода во поглед на она што го прават, а не да бидат само нечии закачалки за облека“ - кажа Леон и додаде: „Ова е период во кој влегуваме во светот на модата: модели како личности и уметници“.
Исто така, таа е свесна за правењето на здрави избори кога станува збор за трошењето време на социјалните мрежи. Истакна дека Инстаграм не е реалност и дека е најголема лага на сите времиња. Луѓето создаваат личности на Инстаграм кои воопшто не личат на тоа шот се, што според неа е една од најстрашните работи.
„Сакам да сфатам која сум јас, пред да му дозволам на било кој друг да ми каже која сум“ - заклучи таа.