Ќерката на Мајкл Џексон бакнува труп: Ги збуни следбениците со морничавата фотографија, па откри за што се работи

Ќерката на Мајкл Џексон бакнува труп: Ги збуни следбениците со морничавата фотографија, па откри за што се работи

Објавена во: Живот // Живот

Ќерката на Мајкл Џексон ги згрози следбениците со фотографиите на кои го бакнува сопственот труп, меѓутоа подоцна откри дека е во прашање кукла која е користена за снимање.

Следбениците, кога е во прашање ќерката на некогашниот „крал на попот“, Мајкл Џексон воглавно се подготвени на сѐ и сешто.

Од голи селфиња, до крајно бизарни објави... нема нешто што Парис досега не сподели.

Меѓутоа, сега отиде чекор понапред и буквално ги згрози сите со фотографијата на која го бакнува сопствениот труп.

На прв поглед, многумина мораа добро да се загледаат за да сфатат за што станува збор, бидејќи фотографијата изгледа многу реалистично.

За среќа, сѐ објасни во следната објава на која еден од момците го носи истиот тој „труп“, додека случајните минувачи загрижено се вртат. Спеак, во прашање е кукла која е користена на овогодинешното снимање на новата сезона од „American Horror Story“.

Нејзиниот труп во овој случај бил само реквизит, а како што некои сведоци од снимањето изјавија, Парис на сите можни начини сакала да ја задржи спорната кукла, иако тоа на крајот не ѝ го дозволиле.

Инаку, во серијата ја глуми злобната девојка по име Маја, која ги малтретира и злоставува сите. Сепак, ќерката на Џексон своевремено изјави дека навистина била преплашена кога го прочитала сценариото.

„Кога го прочитав сценариото бев шокирана колку може некој да биде суров и одмаздлив како што е мојот лик“ - истакна, а потоа додаде дека константно се извинувала на колегите од сетот на кои им го зборувала тоа, иако била свесна дека во прашање е само улога.

Парис, која полека, но сигурно ја гради својата актерска кариера е активна на полето на музика, а неодамна се појави и на насловната страница на „Вог“.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: