Ќерката на Мелита, Барбара Ракичевиќ наполни 18 години: Имаше гламурозна забава за полнолетството (ФОТО)
Ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара Ракичевиќ ја запознавме релативно млада кога тргна по стапките на мама. Јавноста ја запозна на ТВ екраните како водителка во естрадниот магазин „Бекстејџ“, меѓутоа таа го покажа и својот талент за пеење и веќе има објавено две соло песни.
Барбара е вистинска убавица со небесно сини очи, а неодамна се приклучи и на клубот на платинестите русокоси, но се приклучи и на клубот на полнолетните.
Деновиве Барбара наполни 18 години, а по тој повод имаше организирано гламурозна забава за пријателите.
За овој посебен ден таа носеше црн, припиен фустан со сребрени детали и сребрени сандали на висока потпетица.
Нејзината убавина ја истакна со нежна сенка на очите и интензивен црвен кармин, а косата ја остави пуштена во големи локни.
Погледнете ги фотките од роденденот на Барбара:
Но, забавата и славењето не завршија овде бидејќи синоќа Барбара направи уште една прослава, овојпат со мама Мелита и најблиското семејство прослави во кафеана.