Ќерката на Митко Јанчев наполни 5 години: „Тик Ток“ забава за слатката Мила (ФОТО)
Во семејството на кавадаречкиот градоначалник вчера имаше повод за славење.
Имено градоначалникот Митко Јанчев, заедно со семејството го прослави роденденот на неговата ќерка Мила, која наполни 5 години.
- Среќен 5-ти роденден Мила, чекори безгрижно низ детството - стои во описот на фотографијата од роденденската забава која била со „Тик Ток“ тема.
Со сопругата Веселка, тие се родители на три деца, Никола, Стојанче и Мила. Во март годинава првородениот син на Јанчев наполни 18 години и влезе во светот на возрасните.