Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел колабираше среде голема модна ревија: Откриена e причината зошто ѝ се случило тоа
Шоуто беше организирано во Сиракуза, а посебно место во првиот ред имаше познатата мајка на Дева...
Дева Касел, која инаку и официјално ќе биде полнолетна во септември оваа година, веќе е многу големо име помеѓу младите модели. Наследничката Моника Белучи и Винсент Касел неодамна имаше можност да се појави на ревијата на „Долче и Габана“ на настанот во Сиракуза, но и да крене огромна прашина онесвестувајќи се зад сцената.
Странските медиуми и понатаму пишуваат за како вработените на ревијата „Алта мода“ и „главата“ на италијанскиот „Вог“, Франческа Рагаци, кога забележале дека нешто не е во ред, ја испратиле зад сцената, каде потоа ја изгубила свеста поради преголемата топлина.
Инаку, мајка ѝ, Моника Белучи, седела во првиот ред и од таа причина била во можност да ѝ помогне, знаејќи дека има проблеми со притисокот, објаснува „Italy-24“. Според „Fanpage.it“, Дева наводно боледува од одредена болест поради која ѝ паѓа притисокот доколку подолго време е изложена на висока топлина. Прво неколку пати се „лизнала“, а потоа паднала откако била спроведена во собите зад пистата.
Според понатамошните натписи, сега се чувствува многу подобро.
За потсетување, Дева важи за една од најпопуларните манекенки. Неодоливо личи на Моника, која во своето време беше симбол на модната куќа „Долче и Габана“. Дури подоцна заплови во актерските води.
фото: Принтскрин / Инстаграм