Ќерката на Наташа Беквалац сподели дел од својот живот: „Не се заљубувај, ако не можеш да ме сакаш ваква“

Ќерката на Наташа Беквалац сподели дел од својот живот: „Не се заљубувај, ако не можеш да ме сакаш ваква“

Објавена во: Совети // Другарство

Хана најпрвин објави фотографија од ноќното излегување, а потоа и видео како радосно се смее со другарките

Ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ привлекува големо внимание со својата убавина.

Хана е многу популарна на социјалната мрежа „TikTok', каде нејзините објави имаат илјадници лајкови, додека коментарите за нејзиниот изглед се безбројни.

- Не се заљубувај во неа, ако не можеш да ја сакаш ваква - напиша таа во описот на најновото видео, со кое сподели дел од својот живот.

Да потсетиме, пејачката Наташа Беквалац за тамошните медиуми разговараше за потенцијалното момче на својата згодна ќерка.

- Знам за нејзината симпатија и тие се многу слатки. Мајка сум на шеснаесетгодишно девојче и се справувам со сите потешкотии и убави работи кои ги носи тинејџерскиот период - рече Наташа и открила дали на својата ќерка ѝ дала некој љубовен совет:


- Верувај ми, тука нема совет. Кога девојчињата имаат 16 години, улогата на мајката е да ги апсорбира сите работи што се случуваат и да ги поддржува.


Извор: www.telegraf.rs


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: