Ќерката на Пере Нокаут вљубена во македонскиот Бил Гејтс: Ги освоија сите со романтичните фотки од Париз?
Најстарата ќерка на Пере од Нокаут, Миа веќе неколку години успешно чекори по стапките на својот познат татко. Имено, таа е придружен вокал во неговиот бенд, но исто така работи и на соло проекти, кои секако се поврзани со музика.
Сега, на Инстаграм објави дека подготвува нова музика и најави дека истата ќе може да ја слушнеме наскоро.
Но, она што особено ни го привлече вниманието, кога е нејзиниот Инстаграм профил во прашање е романтичната фотосесија од Париз со нејзиното момче. Имено, Миа е во врска со Марко Чаласан, момчето кое јавноста го знае како македонскиот Бил Гејтс.
Повеќе фотографии на кои позира оваа вљубена двојка, може да погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм