Ќерката на Пол Вокер првпат за борбата со туморот: Поминав многу долг пат

Ќерката на Пол Вокер првпат за борбата со туморот: Поминав многу долг пат

Објавена во: Живот // Живот

Манекенката по две години ѝ призна на јавноста со што се соочувала...

Ќерката на покојниот актер Пол Вокер, Медоу ВОкер, која неодамна се омажи за Луис Торнтон Алан, откри дека ја водела најтешката битка - онаа за живот.

Имено, манекенката на својот Инстаграм профил сподели спомен од пред две години - фотографија н акоја е во болница.

„На денешен ден пред две години. Поминав многу долг пат. Збогум тумору. Благословена сум и благодарна“ - напиша Медоу во описот, додека коментарите со поддршка се редеа.

„Драго ми е што си сега среќна“, „Што ѝ да ти се случило, драго ми е дека сега си подобро“, „Жал ми е што си морала да поминеш низ ова“, „Татко ти те чува од небото“ - се само некои од коментарите.

За потсетување, Медоу на 13 години почнала да живее со татко ѝ Пол, бидејќи нејзината мајка Ребека Рејн имала проблеми со алкохолот. Манекенката многу тешко ја поднела загубата на татко ѝ, а неодамна се омажи за Луис Торнтон Алан. На венчавката до олтарот ја испрати најдобриот пријател на нејзиниот татко, Вин Дизел.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: