Ќерката на познатата Хајди Клум реши да ја надмине познатата мајка: Лени со фотосесија за „Вог“
Хајди ја доби ќерката во бракот со италијанскиот бизнисмен...
Наследничка на познатата манекенка Хајди Клум, тргна по стапките на познатата мајка и младата Лени веќе можеме да ја видиме на насловните страници на многу познати магазин и во бројни реклами.
Фотосесијата за престижниот магазин „Вог“ досега ѝ донесе најголем успех. Многумина велат дека таа е копија на својата мајка, како поради цртите на лицето, така и поради висината и виткото тело.
Хајди и Лени често се фотографираат и заедно, па така сличноста е уште повпечатлива.
Хајди ќерката ја доби со италијанскиот претприемач Флавио Бриаторе, но кога ја родила, веќе ја започнала врската со пејачот Сила.
Таа сега е омажена за Том Каулиц, кој е најпопуларен како член на германската поп - рок група Токио Хотел.
фото: Profimedia