Ќерката на познатата манекенка предизвика дебата на Инстаграм: Дури и самата заклучи дека претерала (ФОТО)
Ќерката на познатата манекенка Хајди Клум со следбениците сподели фотографии на кои покажа дека изгорела на сонце...
Ќерката на Хајди Клум, Лени Клум сподели фотографија во бикини и покажа што ѝ се случило по претераното изложување на сонце.
Со оваа објава на следбениците им даде до знаење колку е важно да се користи крема со заштитен фактор. Имено, убавата манекенка на фотката позира лежејќи во бикини и така ги покажала изгорениците кои ги добила од сонцето.
Внимавајќи да ја задржи својата смисла за хумор во врска со таа ситуација, во описот се пошегува: „Малку ме бакна сонцето“, по што нејзините следбеници почнаа да реагираат.
„Користи Алое Вера, тоа помага во такви ситуации“, „А, па ова сигурно боли, користи крема со највисок фактор“, „Тоа не е бакнеж, тоа се вистински изгореници“.
фото: Принтскрин / Инстаграм