Ќерката на премиерката на Нов Зеланд го прекина преносот во живо на најсладок начин: Зошто сите зборуваат за упорното девојче?
Додека премиерката се трудеше да ги информира сите гледачи за состојбата во земјата, нејзината тригодишна ќерка имаше малку поинаков план...
И додека короната владее и во Нов Зеланд, премиерката Џасинда Ардерн имаше обраќање во живо, но од нејзиниот дом. Додека таа се трудеше да им објасни на гледачите каква е состојбата во државата, нејзината тригодишна ќерка Нева реши да упадне во нејзиното вклучување во живо.
Додека Ардерн објаснуваше за зголемување на безбедноста во компаниите, во позади се слушаше гласот на нејзината ќеркичка која тивко повторуваше „Мамо“.
Во тој момент се гледа дека премиерката гледа во еден агол и вели: „Би требало да бидеш во кревет. Време е за спиење драга, врати се во кревет и ќе дојдам да те видам за секунда“.
Потоа настана кратка тишина, а премиерката брзо се сврте кон камерата и со насмевка се извини.
„Тоа беше неуспешно време за спиење, зарем не“ - се пошегува Ардерн кој малку подоцна повторно беше прекината во јавувањето во живо.
Како што може да се види во краткото видео, малата Нева се појави повторно и со тоа ја „натера“ премиерката да погледне во часовникот и да заклучи: „Жал ми е драга што толку долго трае“.
Премиерката тогаш им кажа на гледачите дека тука ќе го заврши јавувањето во живо, бидејќи и таа како и многу други родители има потешкотии во завршувањето на обврските додека работи од дома, секако поради малите деца.