Ќерката на Самарџиќ во шок поради смртта на поранешното момче, диџејот Гарниер: И понатаму не можам да верувам
Српскиот диџеј Игор Гарниер изненадно почина на 5-ти јули, на 31 година за време на тренинг во Вашингот, а неговата поранешна девојка, со која беше на чекор до брак, Миња Самарџиќ, ќерката на пејачот Жељко Самараџиќ, истакна дека е во шок поради тажните вести.
Миња по овој повод се огласи на својот Инстаграм профил:
„Малку е да се каже дека веста ме шокираше... Го прекинавме контактот од кога реши да остане засекогаш во Америка што се случи пред осмата годишнина од нашата врска. Скоро шест години живеевме заедно. Со љубов ја создававме музиката која ја сакавме. Беше многу талентирано момче, вредно и со здрави навики... И понатаму не можам да верувам дека неговиот живот заврши толку брзо. Најискрено сочувство до неговата мајка Рената и целото семејство кое бескрајно го сакаше и поддржуваше цел живот. Нека му е лесна земјата и вечна слава“ - порача Мина преку стори на Инстаграм.