Ќерката на Тамара Тодевска денес полни 6 години: Пејачката со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот (ФОТО)
Првата радост на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски - Мачка, Хана денес слави роденден.
По тој повод, мама Тамара сподели неколку фотографии на стори на својот Инстаграм профил, со кои ѝ го честиташе роденденот на наследничката. Интересно е тоа што фотографиите се од различни периоди од животот на Хана - од новороденче, до денес.
„Мамина прва лепотица. Мамино прво око. Мамина спанка. Сестра каква што секој би посакал. Мамина глумица. Мамина среќа. Љубов. Мамин живот. Среќен роденден Хана“ - напиша покрај фотографиите пејачката.
Иако минатата година, Хана за роденденот доби утринско будење со роденденска торта и пет свеќички, оваа година Тамара не откри дали ѝ направила слично изненадување на својата прва радост.
фото: Принтскрин / Инстаграм