Ќерката на Том Круз и Никол Кидман сподели селфи: Ќе се изненадите кога ќе видите како изгледа и со што се занимава

Ќерката на Том Круз и Никол Кидман сподели селфи: Ќе се изненадите кога ќе видите како изгледа и со што се занимава

Објавена во: Совети // Семејство

Денес живее мирен живот во Лондон, а се шушка и дека конечно се смириле со познатата мајка...

Не се знае многу за животот на Изабела Круз. Познатите родители ги криеја своите деца од очите на јавноста, особено кога Том се приклучи на саентолошката црква.

Како и да е, во последно време Изабела е поактивна на Инстаграм, а многумина забележаа дека, покрај тоа што повеќе објавува свои дела, ги лајкува и фотографиите на нејзината мајка со која се знае дека не е во најдобри услови и постојат многу шпекулации дека тие се смириле.

Бракот на Том и Никол траеше од 1990 до 2001 година и тие посвоија две деца - ќерката Изабела во 1992 година и синот Конор три години подоцна. Изабела и Конор пораснаа надвор од центарот на вниманието.

Згора на тоа, познато е дека Изабела го избегнува вниманието на медиумите, а и многу ретко споделува свои селфиња на Инстаграм. Затоа нејзината последна црно - бела фотографија привлече големо внимание, бидејќи конечно можеме да видиме како изгледа Изабела сега.

Изабела е всушност млада уметница и дизајнерка, а на својот профил често ја рекламира својата веб-продавница bellakidmancruise.com, каде ги продава своите илустрации, но и разни предмети со нејзини илустрации, како што се чанти, маици, маски за телефони и слично, а опсегот на цени се движи од 8 до 85 американски долари.

На нејзиниот апстрактен профил исто така може да се најдат и нејзините апстрактни уметнички дела во живописни бои, кои ги продава за 30 долари.

Во декември минатата година странските медиуми пишуваа дека холивудската sвезда Том Круз се обидува да ја убеди Бела да живее со него во неговиот лондонски пентхаус. Сепак, Изабела живее со нејзиниот сопруг, консултант за информатика Макс Паркер, во скромна куќа со три спални соби во Кројдон во јужен Лондон, а соседите истакнуваат дека таа претпочита мирен живот.

Медиумите неодамна објавија кога таа јавно му се заблагодари на својот татко за сè што направил за неа, „бидејќи во спротивно таа ќе се удавела во сопствените проблеми ако тој не ѝ бил поддршка“.

По завршувањето на бракот на Том и Никол, двојката одреден период го делеше старателството над Изабел и Конор. Сепак, наскоро децата се одлучија за Том и за саентолошката црква во која пораснаа.

Никол никогаш не сакаше да зборува за деца во медиумите за да не ја наруши нивната приватност, но пред две години ја отвори душата пред австралискиот магазин „Who“. „Тие се возрасни и се во можност сами да донесуваат одлуки. Одлучија дека ќе бидат саентолози, а мојата задача како мајка е да ги сакам" - рече таа по овој повод, алудирајќи на нивната верска припадност.

Сепак, иако се раздели од нејзината мајка по разводот радителите, сега медиумите пишуваат дека мајката и ќерката конечно би можеле да бидат пред смирување, откако Бела започнала да ги лајкува објавите на Никол на Инстаграм.

фото: SHUTTERSTOCK

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: