Ќерката на Трамп уловена во незгодна ситуација: Фотката го заобиколи светот и сите се прашуваат што држи Тифани во раката
Папараците кришум ја фотографираа додека се шетала на балконот, а покрај запалката во рака држела уште нешто...
Ќерката на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Тифани Трамп, била уловена од папараци додека шетала по балконот на хотелот во кој престојувала, а вниманието на јавноста го привлече интересната „цигара“ која се наоѓаше нејзината рака.
Тифани се шеташе на терасата на хотелот „Сетаи“ во Мајами, во краток цветен фустан со запалка и „цигара“ во раце, додека на раката ѝ сјаеше скапоцениот веренички прстен со дијаманти. Сепак, многумина беа изненадени од филтерот на цигарата, која брзаше да ја изгаси.
Bwahahah she's grimacing because she has a lighter and a joint in her hand this pic was in an article about this dress. Lmfaoooo #Marijuana #TiffanyTrump #weed pic.twitter.com/UnxfzJj0ui
— Mojozilla aka Mojo - #Equality #BLM (@Mojozilla_mojo) March 14, 2021
Имено, Тифани никогаш не била позната како пушач, ниту пак била видена со цигара во рака и токму поради таа причина се шпекулираше дека тоа не е воопшто тутун, туку нешто друго. Папараците ја фотографираа додека одеше кон растенијата на балконот, а потоа во тегла ја изгаси рачно завиткана цигара.
Секако, корисниците на Твитер „удрија“ на Тифани, со теории дека станува збор за „џоинт“, но, се разбира, не изостанаа ниту коментарите за нејзиниот изглед. Тифани моментално е во Мајами со својот вереник Мајл Боулс со кого бараат заеднички имот, со цел, меѓу другото, да се приклучат на семејството, што го замени Вашингтон со Флорида по изборите.