Ќерката на Викторија Бекам згрозена од стилот на мајка ѝ од периодот на „Спајс грлс“: Вака Харпер реагираше на старите фотки
фото:Profimedia
Со 10-годишната Харпер се согласува и сопругот на Викторија, познатиот фудбалер Дејвид Бекам.
Викторија Бекам, модна дизајнерка и сопруга на фудбалерот Дејвид Бегам, се најде на насловната страница на австралиски „Вог“, а по тој повод, таа даде и опширно интервју во кое откри како реагирала нејзината најмлада ќерка Харпер кога ги видела нејзините фотографии од периодот кога „Спајс грлс“ го дрмеше светот. Секако, таа го спомна и сопругот Дејвид и откри дека тој и Харпер, всушност, делеле исто мислење за нејзиниот изглед во тоа време.
Имено, Викторија објаснила дека и нејзината 10-годишна ќерка и сопругот Дејвид (47) сметаат дека нејзината мода во тоа време била премногу смела.
- Мојата ќерка не е од оние девојки кои одат нашминкани и во краток топ - откри Викторија.
- Неодамна ми кажа дека видела неколку мои фотографии кога бев во бендот „Спајс грлс“ и дека моите здолништа се едноставно неприфатливи и прекратки - вели Викторија и додава дека нејзиниот сопруг целосно се согласува со нивната ќерка.
- Зарем никогаш нема да носиш такви здолништа? – ја прашал Бекам својата ќерка, на што таа одговорила дека „апсолутно не“.
Пош девојката откри и дека многу се грижи за физичкиот изглед на Харпер.
- Харпер сè уште не е на социјалните мрежи, така што сè уште не треба да се грижиме за тоа, но кога ќе видам колку луѓето можат да бидат сурови, навистина ме загрижува - вели таа.
– Харпер сега е во период кога нејзиното тело почнува да се менува, но ние како семејство многу комуницираме и таа е опкружена со драги пријатели, но сепак Викторија истакнува дека и понатаму е многу страшно.
Кога станува збор за 23-годишниот Бруклин, 19-годишниот Ромео и 17-годишниот Круз, Викторија се грижи како сè ќе изгледа во јавноста во врска со нивните кариери.
Таа исто така истакна дека таа и Дејвид се уште се сакаат многу и се исклучително блиски.
извор:24sedam