Ќерката на Здравко Чолиќ ги остави сите без текст со еден несекојдневен потег: Многумина коментираат дека ова не ѝ доликува (ФОТО)
Уна Чолиќ отвори дебата, откако објави многу дискутабилна фотографија...
Уна Чолиќ, ќерката на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, не престанува да ја интригира јавноста. Со своите провокативни модни комбинации го привлекува вниманието, ужива во луксуз, а со последната фотографија речиси ги шокираше своите следбеници на Инстаграм.
Имено, наследничката на Здравко Чолиќ позираше на хауба од скапоцен бел автомобил. Многу нејзини следбеници беа изненадени од нејзиниот изглед, со оглед на тоа што често ја гледаме во парчиња облека кои ја истакнуваат нејзината витка фигура. За излегување во град одбра крем мантил, а под него носеше црна маица и шорцеви, како и чевли и чанта во истата боја.
Меѓутоа, нејзината комбинација падна во втор план, бидејќи начинот на кој позира на фотографијата ја шокираше јавноста - таа го имаше исплазено јазикот и го покажа средниот прст.
фото: Принтскрин / Инстаграм