Ќерките на Ацо Пејовиќ во никогаш видено издание: Пораснаа во убави девојки, а на прво место секогаш им е една работа (ФОТО)
Ќерките на познатиот пејач живеат како сите нормални девојки...
Пејачот Ацо Пејовиќ од сите успеси во животот, најгорд е тоа во какви личности израснале неговите ќерки. За време на долгогодишниот брак со сопругата Билјана доби три наследнички - Магдалена, Марија и Ива, но скоро никогаш не го експонира семејството во јавност.
Најстарата ќерка на пејачот, Магдалена заврши на ФОН, додека средната, Марија студира медицина. Кога се запишала на факултет, Аца ѝ подарил патување во Америка, а за 18-от роденден автомобил.
„Прегорд сум на тоа во какви луѓе израснаа Магдалена и Марија. Ива е уште девојче, но тие две се веќе возрасни личности. Освен фактот дека е едната неодамна дипломираше, а дека другата е одличен студент по медицина, среќен сум кога ќе видам како се однесуваат во друштво, како личности се, колку се омилени и како на совршен начин умеат да ја избегнат замката на јавноста во која децата на луѓето кои се занимаваат со јавна работа може да упаднат“ - кажа Пејовиќ во една прилика.
Тој нагласува дека сопругата Билјана и тој се трудат да ги воспитуваат на чесен начин.
„Ни беше важно да им всадиме вистински вредности, јасно да разликуваат што е добро, а што лошо. Денес сме тука да ги поддржиме нивните одлуки, бидејќи нема потреба да им се мешаме во било што, тие се прекрасни млади дами“ - заклучи гордиот татко.
Еден од најпопуларните пејачи во Србија, истакнува дека апсолутна миленичка во неговиот дом е најмладата ќерка Ива.
„Ива, исто како и сите 16-годишни деца, е во исчекување на полнолетството и магичниот број 18. Таа уживаа најмногу од сите нас, бидејќи е апсолутна милечка на сите. Притоа е толку шармантна што сите умее да не измами за секунда. Сестрите се исто така слаби на неа, така што, кога Билјана или јас ќе игнорираме некоја нејзина желба, спас бара кај Магдалена и Марија.“
Има афенитите кон јавната работа.
„Ива е преталентирана и сигурен сум дека во животот ќе се занимава со глума или пеење. Андрија Милошевиќ, кога ја гледаше на претстава, ми кажа: „Имаш актерка дома“!“.
фото: Принтскрин / Инстаграм