Ќерките на познатите балкански ѕвезди прават хаос на социјалните мрежи со провокативни фотографии: Која е најзгодна? (ФОТО)
Сакаме да го слушнеме вашето мислење...
Ќерките на познатите балкански ѕвезди и бизнисмени со следбениците на социјалните мрежи често споделуваат фотографии, а често истите се прилично провокативни. Самосо една објава успеваат да соберат голем број лајкови и позитивни коментари.
Тоа е така, бидејќи сите изгледаат одлично. Не се знае која е поубава, а ние решивме да го слушнеме вашето мислење.
Благодарение на ерата на Интернетот, некои од нив успеаја да ги надминат и своите родители и да станат популарни.
# Хелена Топаловиќ
Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ - Топалко често ужива на луксузни дестинации со својот сопруг, за кој се омажи минатата година.
Покрај патувањата, омилена активност ѝ се вечерните забави, па на нејзиниот профил може да се најдат и фотографии од клубовите во српската престолнина.
# Уна Чолиќ
Ќерката на пејачот Здравко Чолиќ, Уна е многу активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Нејзините фотографии добиваат многу коментари, а изгледа дека таа ужива во вниманието кое го добива.
Наследничката на музичката легенда сака да се пофали со луксузниот живот и редовно ги информира следбениците на која дестинација се наоѓа. Нејзиниот профил на Инстаграм е преполн со фотографии од патувања, како и вечерни забави, а тие често се провокативни.
# Џина Џиновиќ
Откако се појави во јавноста, ќерката на познатиот пејач интригира со секоја своја објава.
Харис и Мелина Џиновиќ својот семеен мир долго го чуваа далеку од љубопитните погледи, а јавноста до неодамна немаше можност да ги запознае нивните деца. Сепак, 18-годишната Џина одлучи да ѝ се претстави на јавноста, отвори профили на социјалните мрежи и стана вистинска тинејџ ѕвезда на Инстаграм и ТикТок.
# Ема Цептер
Посвоената ќерка на Филип и Мадлин Цептер, Ема, на своите родители им го разубавува животот од денот кога првпат ја здогледале.
„Во нашиот живот влезе еден декемврски ден, во 2000-тата година и веднаш се вгнезди во нашите срца, каде отвори простор кој порано го немаше. Убаво е кога човек може да се оствари како создател, а потоа да стане родител, а уште поубаво е кога можете да ја исправите неправдата и наместо бол да создадете љубов. Мене ми се случи и првото и второто“ - кажа Мадлин своевремено.
Ема, која денес има 21 година, израсна во вистинска убавица. Животот во Лондон го живее таинствено, а успешно ги завршува студиите по психологија.
# Сања Џаиќ
Ќерката на легендата на српскиот фудбал, Драган Џаиќ, Сања е мајка на две деца. Таа, и покрај овој факт, изгледа феноменално.
„Што се однесува до линијата и исхраната, јас сум некој кој сака да јаде, а отежнувачка околност е тоа што количински можам да изедам како просечен маж, така што во мојот случај одржувањето на килограмите беше голем напор и предизвик. Она со што можам да се пофалам е војничкиот режим и карактер. Мислам дека тоа го имам наследено од татко ми“ - откри Сања во една прилика.
фото: Принтксрин / Инстаграм