Клавирот под елка ми е омилен подарок: Новогодишно со Трајче Ѓоргиев
Само неколку часа не делат од почетокот на Новата година, а во овие неколку часа сите се потсетува на работите што ни се случиле изминатата година, но и на годините кога како мали едвај сме чекале да ги отвориме подароците.
Младиот пејач Трајче Ѓоргиев го поттикнавме да се потсети на тие денови и откако призна дека како и секое дете верувал во Дедо Мраз ни откри кој му бил омилен подарок.
„Омилен подарок за Нова година ми беше кога под елката најдов оставен пакет со клавир.“ - беше искрен Трајче.
Новата година ќе ја дочека во домашна атмосфера заедно со пријателите, а за она ашто измина вели:
„2019 - та година ќе ја паметам по убавите поминати моменти со семејството и пријателите, учеството на фестивалот "Faces of friends" во Молдавија, како и првиот мој настап на Макфест.“
Со надеж дека следната година ќе му биде уште подобра и поуспешна додаде:
„Оваа година ми беше исполнета со позитивни работи немам никакви непријатни и лоши случки па се надевам дека следната ќе биде уште подобра.“
Конкретни планови на музичко поле се уште нема направено, но затоа си посака конкретни, а еве кои ги истакна како најважни новогодишни желби:
„Многу здравје, љубов, среќа и секако реализирање на плановите во кариерата.“
Ивана Мисајловска