Клои Кардашијан покажа 5 лица во едно видео: Сите коментираат дека поради овие деформации се претвора во пластична кукла

Клои Кардашијан покажа 5 лица во едно видео: Сите коментираат дека поради овие деформации се претвора во пластична кукла

Објавена во: Мода // Moj стил

Најави соработка со познат бренд, а твитерџиите искоментираа дека потсетува на Лил Ким или Мајкл Џексон...

Во последно време се чини дека Клои Кардашијан минува низ своевидна криза на идентитет. На крајот на краиштата, како поинаку да се објасни фактот дека на секоја фотографија или видео има сосема поинакво лице?

Сега таа навистина ја „сврте играта“, па во последното видео покажа дури 5 различни лица. Доволно за коментар: „Ајде да се одлучиме за едно“.

Имено, на последното видео на Инстаграм, во кое беа исклучени коментарите (што, се разбира, не ги спречи корисниците на Твитер да се „забавуваат“ со нејзиниот лик и дело), 36 - годишната Клои го покажа никогаш попластичното лице, а горната усна и беше целосно отечена поради што се создаде впечаток дека дури ѝ е тешко да зборува.

Од таа причина, имаше низа негативни коментари на Твитер, дека Клои никогаш не изгледала полошо. Од една страна, да, таа докажа дека вежбањето во теретана се исплати, бидејќи ја доведе линијата до совршенство, но наместо да се држи до неа, таа започна да експериментира со своето лице.

Затоа често ја споредуваат со поранешната sвезда Мајкл Џексон и предвидуваат дека ќе ја доживее неговата судбина ако не запре наскоро.

Во кратко видео, Клои ја промовираше својата нова соработка со брендот „Ипси“, а станува збор за колекцијата „Glam Bag X“, односно чанти со нејзините омилени производи. Бидејќи сопственичката на модниот бренд „Good American“ забрани да се коментира под видеото, многумина изјавија дека таа очигледно знаела што следува.

„Се претвораш во пластична кукла“, „Кога Лил Ким и се случи на Клои“... се само дел од коментарите за нејзиниот изглед, на кои многумина додадоа дека, како и нејзините познати сестри, таа заминала „на патување без враќање“, но тие се, како што стојат работите, далеку поумерени од неа.

Јавноста порано ја обожаваше Клои поради нејзината искреност и фактот дека таа не дозволува да биде под влијание на стандардите за убавина на 21 - от век, но, како што стојат работите, таа сепак подлегна.

Во продолжение погледнете ги сите нејзини лица:


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: