Кога добила 2 милиони евра не ни претпоставувала дека на 16 години животот ќе ѝ стане пекол: Од милионерка станала просјак

Кога добила 2 милиони евра не ни претпоставувала дека на 16 години животот ќе ѝ стане пекол: Од милионерка станала просјак

Објавена во: Живот // Живот

Имала само 16 години кога станала милионерка. Иако очекувала дека по огромната добивка на лотарија ќе биде најсреќна на светот, сѐ тргнало во друг правец.

На Кели Роџерс животот во 2003 година ѝ се променил од корен. На 16 години на лотарија добила дури 2 милиони евра и сите ги потрошила на естетски корекции, подароци и лекови. Сега на 34 години вели дека сѐ би било поинаку. Се вратила во училишните клупи и сака да стане медицинска сестра.

„Посветеноста и работата на себе да стане подобра личност вреди. Толку сум горда на себе и иднината која ја создавам за своето мало семејство“ - кажа Кели неодамна.

Израсната е во хранителско семејство, а во неа тлеела желба за подобра иднина. Почнала да работи уште како тинејџерка и заработувала 4 евра на час.

Сметала дека доволната количина на пари би ѝ овозможила остварување на сите соништа, и својата среќа ја пробала на лотарија и добила неверојатни 1,8 милион фунти.

Награда како проклетство

Кели во еден момент истакнала дека поради добивката на лотарија на толку рана возраст, нејзиниот живот доживеал неверојатен пресврт. Неколку недели по освојувањето на наградата, го запознала Ник Лосон, таткото на своите две најстари деца и се пресилила во куќа вредна 200.000 фунти.

По пет години следувал разводот кој потполно ја скршил нејзината психичка состојба, и дури се обидела да крене рака на себе.

Почнала да користи накортици, посетите кај пластичниот хирург биле сѐ почести, а лошото однесување позачестено. Така во 2018 година две жени ја нападнале по едно од многубројните вечерни излегувања, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Ја оставиле без свест со скршени ребра, скршени заби, потрес на мозокот и трајно оштетување на видот.

Пред две година ѝ била изречена 22-месечна забрана за возење, откако со џипот удрила во жива ограда, додека била на кокаин. За да ја уапсат, полицајците морале да ја бркаат, бидејќи почнала да бега по селските патишта.

На што ги потрошила парите?

Околу 20.000 евра потрошила на операција на градите, 340.000 евра на облека и дури 570.000 евра на „подароци“ на семејството и пријателите, по што останала без пари.

Бидејќи сите пари ги потрошила со брзина на светлината, во 2021 година земала и кредит од банка.


Се заложува да се воведе старосна граница за играње на лотарија.

Добивката ја исфрлила Кели од колосек, ѝ го направила животот пекол и ѝ создал недоверба кон секој.

„Имаш само 16 години и толкава одговорност. Во тие години можете да го добиете најдобриот совет на сите времиња, но не сте во позиција да слушате. Бев премлада. Преку ноќ од безгрижно дете станав возрасна личност“ - заклучи таа.

Нагласува дека го допрела дното кога ѝ ги одземале децата. Денес единствена цел ѝ е да живее нормално со своето семејстов и потполно се има посветено на школувањето.

фото: Принтскрин / И

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: