Кога имаш милиони и само 25 години, тогаш вака го прославуваш роденденот: Гламурозниот живот ги крие големите животни проблеми

Кога имаш милиони и само 25 години, тогаш вака го прославуваш роденденот: Гламурозниот живот ги крие големите животни проблеми

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли Џенер е една од најбогатите Американки, а својот 25-ти роденден го прослави во голем стил...

Кајли Џенер го прослави својот 25-ти роденден во голем стил, како што и се очекуваше од член на семејството Кардашијан - Џенер.

Кајли, која во светот е позната и како најмлада и најбогата од семејството Кардашијан-Џенер, вчера го прослави својот 25-ти роденден, истакнувајќи дека се чувствува „дваесет добро“ (игра на зборови: five - пет, а исто fine - добро).

Денот го започна со лежерен појадок со познатите сестри и најдобрата пријателка, додека прославата беше продолжена со огномет, забава и прошетка во град со момчето.

@kyliejenner

its my birthdayyyyyy

original sound - Kylie Jenner

Иако има само 25 години, Кајли веќе има две деца со момчето Тревис Скот - ќерката Сторми и синот кој на кратко му го даде името Волф, но потоа се предомисли.

Мистеријата околу нејзиниот син и понатаму е тема на разговор, бидејќи Кајли никогаш не го прикажа на своите многубројни видеа и фотки на Инстаграм и ТикТок. Синот не го спомнува од моментот кога го роди, за разлика од ќерката Сторми, која ја носи секаде со себе.

Сите се прашуваат дали детето е добро и дали Кајли со своите „гламурозни“ објави го прикрива големиот проблем кој го има со детето?

По повод нејзиниот роденден, се огласи и нејзината мајка Крис Џенер, која на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на Кајли, наведувајќи колку е среќна поради своето „најбогато и најдарежливо дете“.



фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: