Кога Кејт Мидлтон ќе побесни: Еве како за прв и единствен пат ги загуби нервите откако е позната

Кога Кејт Мидлтон ќе побесни: Еве како за прв и единствен пат ги загуби нервите откако е позната

Објавена во: Живот // Живот

Војвотката од Кембриџ е позната по тоа што во секоја ситуација во јавноста е потполно смирена и насмеана...

Кејт Мидлтон пред неколку дена го прослави својот 39 - ти роденден, а оваа година прославата помина без премногу внимание. Бидејќи е војвотка, ретки се приликите кога роденденот го прославува далеку од јавноста, односно без да се појави пред камера.

Откако започна да се забавува со Вилијам, а особено откако се во брак, медиумите ја следат убавата Кејт на секој чекор. Обично се справува многу добро, но една година реагираше на начин што порано не беше виден во нејзиниот случај.

Како што пишува порталот „New Idea“, една година и пречело дополнителното внимание и популарност на нејзиниот роденден. Тоа беше во јануари 2007 година, кога Мидлтон полнеше 25 години и во Велика Британија се шпекулираше дека принцот Вилијам токму на тој ден ќе ја запроси. Затоа повеќе новинари и папараци кампуваа пред нејзиниот дом во Челси - сите чекаа да ја фотографираат идната војвотка во моментите пред запросувањето.

Како што напиша авторката Кејт Шауп во својата книга „Кејт Мидлтон: Од обична девојка до војвотката од Кембриџ“, имаше стотици фотографи пред куќата на Кејт.

„На пат кон работа, Кејт го напушти станот и се упати кон автомобилот, каде што беше опколена од претставници на медиумите. Како што напиша новинарката Вики Вард, тоа беше прв и единствен пат за време на нејзината врска со принцот Вилијам оваа млада жена да изгледа како да ќе ги изгуби нервите. Нејзината вообичаена насмевка беше заменета со цврсто стиснати усни, нејзините очи беа бесни“ - објаснува таа.

Како што додаде Шауп, камерите ја следеа Мидлтон дење и ноќе откако се пресели во Лондон, но се чинеше дека тоа никогаш не и пречеше.

„Таа секогаш се насмевнуваше и никогаш не кажуваше ниту збор“, рече Дики Арбејтер, поранешен службеник на кралското семејство.

Веридбата, сепак, следуваше три години подоцна, а двојката се венчаше во април 2011 година. Оттогаш па се до денес, медиумите не успеаја да ја уловат Кејт во лошо расположение, ниту пак некогаш нељубезно им се обратила на претставниците на медиумите за да се оддалечат од неа.

фото: Profimedia


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: