Кога ќе пораснам сакам да бидам успешен: Запознајте го Павел Јангеловски најмладиот блогер од Делчево

Кога ќе пораснам сакам да бидам успешен: Запознајте го Павел Јангеловски најмладиот блогер од Делчево

Објавена во: Stars // Интервјуа

Павел Јангеловски е потенцијален моден блогер на 12 години. Ако го отворите неговиот Инстаграм профил ќе забележите навидум обично момче, но она што веднаш ќе ви падне во очи се неговите фотографии. Скоцкани како на вистински професионалец . Токму тоа е и желбата на Павел кој е ученик во основно одделение при основното училиште Ванчо Прќе во Делчево , еден ден да биде успешен моден блогер. За Хаштаг.мк Павел ја раскажа приказната како и кога почнал да се занимава со модно блогерство на Инстаграм.

„Одамна сакам да бидам среден, да ми одговара облеката, уште на 5 години потоа со еден бутик направивме нешто како соработка јас се сликав а тие за возврат ми подаруваа нешто, на Инстаграм почнав пред една година ама тогаш не знаев баш како се користи апликацијата па дури неодамна почнав да објавувам фотографии и да се сликам почесто па така почна мојата приказна за блогерството“, раскажува Павел.

На прашањето како ги смислува комбинациите за фотографиите, ова момче вели дека најчесто се инспирира од познатите македонски блогери, како и социјалните мрежи и светските трендови.


-Кога имам нови работи комбинациите полесно ги смислувам , тоа најчесто за соработки а инаку ако немам нови работи се сликам така само за Инстаграм тогаш ги следам македонските блогери , гледам на пинтерест , јутуб и сл.“ вели Павел, кој ни откри и дека во купувањето облека најмногу му помага тетка му.

-Преферирам сам да ја избирам мојата облека, а често ми помага и тетка ми. Најчесто купувам од Зара или Бершка но и други познати продажни места, вели овој 12 годишник од Делчево.

За Павел, стилот претставува место во кое според него најважна е креативноста.

Тој вели дека не се толку важни боите, колку што е важно да биде убаво искомбинирано и уредно.

Тој соработува со неколку познати брендови, а негова цел во иднина вели дека е да биде успешен блогер.

-Некогаш соработниците сами ме бараат, а понекогаш и јас , не е срамота да прашаш, вели Павел, додавајќи дека во иднина сака луѓето да го препознаваат.


„Во иднина целта ми е да бидам успешен блогер , луѓето да ме препознаваат не е важно колку следачи ќе имаш важно е да имаш група на луѓе што ќе те поддржува и почитува.

Кога ќе пораснам се надевам дека ќе продолжам со блогерството и ќе бидам успешен блогер и среќен пред се“, дополнува Павел.

Колку време е потребно за една фотографија да биде комплетна и да се постира на Инстаграм, ова креативно момче вели:

„За да се подготвам за сликање ми се потребни барем најмалку 3 часа ако се работи за сликање од половина ден, за тоа време јас ги смислувам коминациите, ги пеглам алиштата, смислувам кој ќе ме слика, спакувам се на одредено место во различни кеси за да можам да најдам , подготвувам аксесоари односно чанти, наочари , шешири и сл. Како што кажав се сликам пола ден односно од 10 наутро до 4 попладне а за една комбинација е потребно барем 500 слики 40 минути до 1 час“, ни открива Павел.


Тој вели дека целата процедура ја изведува сам. Од пеглање на алиштата до смислувањето на комбинациите, па се до финалното едитирање на фотографијата пред да биде објавена.

Најголема поддршка во она што го прави има од семејството.

„Најмногу во блогерството ме поддржува тетка ми, кога нема кој да ме фотографира секогаш таа ме поддржува, ме фотографира најчесто после 4 часот . Дел од другарчињата ме поддржуваат, а има и такви кои не ми даваат поддршка затоа што мислат дека тоа е многу лесно , дека не вредело и сл. 


Родителите ме поддржуваат секогаш во секоја смисла на зборот а на Инстаграм исто така има луѓе кои ме следат и поддржуваат а има исто така и некои кои што ме следат и навредуваат. Сепак на оние последните, Павел не им обрнува внимание.

Неговиот стил го опишува како класичен, спортско елегантен и улично моден а неговата порака за крај е: „Сакам да ги охрабрам сите момчиња и девојчиња кои сакаат да се занимаваат со блогерство а се срамат од тоа, да започнат уште веднаш“ .


И.С.

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: