Кога маникирот ќе тргне наопаку: Девојка добила сосема поинакви нокти кои ѝ паднале пред да стигне дома
Никој не би бил среќен со ваков резултат по посета на салон за убавина...
Социјалните мрежи се преполни со негативни рецензии за разни услуги, особено на козметичките кои девојките ги користат на секојдневна база. Веќе пишувавме за некои третмани, како што се оние поврзани со шминката, додека во овој случај станува збор за еден друг козметички третман кој не поминал како што било планирано.
Оваа девојка е само една од многуте кои своето незадоволство околу козметичкиот третман одлучила да го сподели во облик на видео на социјалните мрежи. Имено, кај неа не била во прашање шминката, туку ноктите биле клучниот дел. Во видеото на самиот почеток се гледа како девојката ставила фотографија од ноктите кои ги сакала и кои ѝ ги покажала на козметичарката, но нејзините резултати сепак не испаднале толку слични како на фотката која ја покажала. Очигледно е дека нејзините нокти се пократки од оние на фотографијата, срцињата не се правилно нацртани и изгледаат помалку детски, а ниту главната нијанса не ѝ е погодена.
@katiearter I have the worst luck #whatiwantedvswhatigot #whatiwanted #nails #nailart #nailfail #nailartfail #fail #ugly #naildesign #nailtutorial #nailtech original sound - Kneely_Knight
Освен тоа, девојката на крајот од видеото напишала: „На сето тоа, влакно од коса ми се заплетка во еден од ноктите и три нотки веќе почнаа да ми се лушат и пред да стигнам дома“.
Освен неа, ниту нејзините следбениците не воодушевени, а своето незадоволството го изнесоа во коментари: „Оооо не, истата работа ми се се случи и на мене“, „Ова е ужасно“, „О, мој Боже“ - пишуваа.
Грешките се нормални и нормално е некои козметичарки да погрешат во некој од своите третмани, но мораме да признаеме дека постојано сѐ повеќе се појавуваат вакви видеа.