Кога најмалку се очекуваше: Бака Прасе го врати каналот на Јутјуб (ФОТО)
По повеќе од еден месец, Илиќ повторно е активен на Јутјуб...
Веќе неколку недели трае конфликтот помеѓу директорот на розовата телевизија, Жељко Митровиќ и јутјуберот Бака Прасе, а поради неовластеното објавување на содржини, на јутјуберот му беше изгасен каналот на оваа платформа.
Бака Прасе им даде ветување на верните обожаватели дека ќе го врати овој канал и тоа му успеа. Имено, јутјуберот успеа да го врати својот канал, на кој има повеќе од 2 милиони претплатници.
Сега кога успеа да го врати каналот, тој повторно ќе може да објавува содржини, а веста за враќањето на каналот ја сподели со следбениците на Инстаграм.
За потсетување, по каналот на Јутјуб, на Илиќ му беше изгасен и профилот на Инстаграм, па така тој направи уште еден профил на оваа платформа на која ги објавува сите новитети од своето секојдневие.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб