Кога нѐ тепаше, татко ми ни велеше - извини среќо на тато: Милица Дабовиќ за суровите спомени од детството

Кога нѐ тепаше, татко ми ни велеше - извини среќо на тато: Милица Дабовиќ за суровите спомени од детството

Објавена во: Живот // Живот

Милица Дабовиќ е една од најпознатите српски кошаркарки, која кариерата ја заврши неодамна, а сега е актуелна по учеството во реалното шоу „Survivor“...

Милица Дабовиќ оствари голем успех во српската кошарка, амбициозна е и сака да победува, а нејзината приказна од детството растажува многумина.

Дабовиќ доаѓа од спортско семејство, има две сестри - Ана и Јелица. Ана Дабовиќ е исто така успешна кошарка, додека Јелица беше најдобар стрелец на Југославија, а таа прва проговори за траумите од детството.

„Од детството се сеќавам само на тепањето. Тоа е моја трагедија. Живеевме во стара куќа, под неа имаше плажа со камења. Татко ми ме носеше да плива на карпестата плажа. Си ја раскрварив ногата. Кога се вратив дома, мајка ми забележа, јас се исплашив и почнав да плачам, а татко ми зема голем чешел и ме тепаше до крв. Тоа е мојот прв спомен од детството“ - кажа во една прилика Јелица.

Таа истакна дека едвај чекала да добие сестра и се надевала дека насилството ќе престане кога ќе се роди другото бебе.

„Баба ми и дедо ми се грижеа за мене, но тоа не беше добро друштво за мене. Патев, сакав сестра или брат. Мислев дека раѓањето на Милица ќе значи дека конечно ќе дојде среќата во нашата куќа, дека повеќе нема да трпиме насилство, ниту јас, ниту мајка ми, но се излажав. Мене продолжи да ме малтретира, но и Милица штом малку порасна и почна да оди. Тогаш ми беше уште потешко во целата таа приказна, не можев да ги заштитам ниту мајка ми, ниту сестра ми“ - ја продолжи својата приказна најстарата сестра Дабовиќ.

Милица сето ова го следела со други очи и тепањето не го доживеала како нешто што не треба да се случува.

„Нема да кажам дека немаше тепање. Имаше. И знаете што, некогаш навистина беше тешко, но јас тоа го доживував поинаку. Кога ќе поминеше, јас заборавав, а Јелица памете сѐ. Неа ја хранеше тоа, мене не. Не бев огорчена. Во тоа време сите деца беа тепани и не се сметаа за злоставувани. Кога ќе не истепаше, татко ми ни велеше: „Извини среќо на тато“ или „Те сака тато“, и јас веднаш заборавав на ударите. Тие негови зборови бришеа сѐ“ - кажа Милица.

Милица Дабовиќ заклучи и дека поркај сѐ е благодарна на татко ѝ и среќна е што им овозможил живот каков што имале. Поранешната кошаркарка смета дека никој не е безгрешен и без оглед на тоа што некои ќе ја осудат, таа е на страна на татко ѝ и додава дека сите грешеле, па и таа и Јелица.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: