Кога не знаеш што следно да објавиш: 30 идеи за фотки кои можеш да ги споделиш на Инстаграм
Може да ти послужат како идеи за било кој вид на објава...
Сите некогаш сме во онаа состојба да сакаме нешто да објавиме на Инстаграм, но немаме идеја што да направиме. Бидејќи ако ставиме уште едно селфи, ќе биде премногу. Затоа ти носиме 30 идеи кои може да ти послужат за такви ситуации, кога мозокот ќе ти застане.
Иако ти изгледа како да е едноставно, некогаш ни е толку тешко да смислиме што би можеле следно да објавиме на својот Инстаграм профил. А, всушност, идеите се насекаде околу нас. Само тогаш не можеме да се сетиме на нив. Ако ти доаѓа да објавиш нешто, но ни самата не знаеш што, овие 30 идеи ќе ти послужат. Можеш да ги претвориш во објава или стори, сосема сеедно е и сѐ зависи од тоа колку сакаш да се потрудиш околу фотките. Колку е подобра, толку е поверојатно дека ќе ставиме како објава. Вклучи ја креативноста и објавата може да излезе многу добро. Еве ти идеи за тоа што сѐ можеш да објавиш на Инстаграм:
# Селфи.
# Фотографија од домашниот миленик.
# Комбинацијата која ја носиш во моментот или која си носела пред некој ден.
# Колекцијата шминки / парфеми.
# Фотографија со момчето.
# Маникирот кој го имаш.
# Храна.
# Времето надвор.
# Фотографија од она што го правиш во моментот.
# Фотографија од твојот град.
# Твојата соба.
# Книгите.
# Зграда во твојот град која ти е многу убава.
# Што гледаш кога ќе погледнеш пред себе.
# Небо.
# Нешто што е во твојата омилена боја.
# Патиките.
# Фотографија со твојата најдобра пријателка.
# Природата.
# Селфи во огледало.
# Погледот од твојот прозорец.
# Стара фотографија од твоето детство.
# Цвеќиња.
# Фотографија од концертот на кој си била.
# Фотографија од твоето омилено кафуле.
# Море / река / езеро.
# Фотографија од тебе без шминка во природно издание.
# Фотографија од тебе пред некоја убава врата во градот.
# Фотографија од твоите тетоважи.
# Фотографија од цитат кој го сакаш од некоја книга.
фото: Принтскрин / Инстаграм