Кога започнува чудното однесување: 5 знаци кои покажуваат дека наскоро ќе ти раскине
Доколку момчето/девојката одеднаш започне да се однесува поразлично, можеби ти го подготвува ова сценарио...
На некои им е тешко да ја прекината врската иако не се среќни во неа или личноста со која се во врска престанала да ги привлекува. Не е лесно кога знаеш дека на некој ќе му го скршиш срцето или ќе го направиш тажен, сепак се грижиш за таа личност. Затоа пред прекинувањето на врската луѓето знаат да почнат да се онесуваат почудно отколку вообичаено. Ова се некои од тие однесувања:
# Често раскинувате и повторно се смирувате
Еден од највоочливите знаци дека нешто ти се подготвува и дека личноста со која си во врска не е среќна или задоволна е доколку често се карате. Тука не се мисли на мали, неважни кавги, туку за оние сериозните, кои не завршуваат за неколку дена и кои некогаш резултираат и со разделба. Кога по некое време ќе се смирите и мислите дека е се во ред, тогаш се создава нов проблем и нова кавга. Тоа може да значи дека личноста сака да раскине, но се уште не е подготвена да биде сама и со задоволство ќе ја прифати и таа врска која не ја сака, отколку да биде соло. Сепак, разделбата ќе дојде еден ден, а може и порано отколку што очекуваш.
# Врската ви стои во место и не оди напред
Сметаш дека веќе е време да ги запознаете пријателите на партнерот и тој вашите или да одите еден кај друг дома, но тоа никако не се случува? Можеби затоа што личноста со која си во врска нема намера да биде уште долго во врска. Кога некој сака да прекине, а не знае како или го чека вистинскиот момент, најверојатно врската некое време ќе ви стои во место и ќе ви делува како да не оди кон следната фаза.
# Често немаш идеја каде се наоѓа твоето момче/девојка, со кој е, а ни што прави
Не е здраво ни кога цело време го следиш секој чекор на личноста со која си во врска, но не е ни кога се почесто немаш идеја каде е и со кого. Не мора да се јавуваш на секој час за да видиш што прави, но доколку стане нормално неколку дена по ред да не се видите и слушнете, постои шанса дека се подготвува за да ја прекине врската со тебе.
# Не ти кажува што му/и се случувало во текот на денот
Делува како глупост, но кога некој ќе престане да ти ги кажува ситниците кои му се случуваат во текот на денот, не ги споделува со тебе важните настани или како се чувствува, тоа може да биде знак дека повеќе не сака да биде во врска со тебе. Отвореноста и комуникацијата се клучниот фактор за успешна врска, а доколку се чувствуваш изоставено или неупатено во жвиотот на личноста со која си во врска, нешто не е во ред.
# Кога мислиш на момчето/девојата, се чувствуваш загрижено
Кога размислуваш за личноста со која си во врска треба да се чувствуваш среќно, возбудено, како да си на облаци, а не загрижено или нервозно. Без разлика дали сте свесни или не, забележуваме кога нешто се менува во врската, но тоа не го сфаќаме или не сакаме да го сфатиме како нешто на што треба да обрнеме внимание. Доколку одеднаш се не чувствуваш сигурно во врската, постои причина за тоа. Нема смила да го игнорираш тоа, бидејќи проблемите нема да се решат самите од себе. Штом забележиш дека работите не се како порано, разговарај со момчето/девојката. И разделбата може да биде подобра опција од лошата и еднострана врска.