Кои маици да ги носите, а кои да ги избегнувате доколку имате поголеми гради: 4 модели кои ќе изгледаат одлично на вас
Ако започнете да се облекувате со оглед на тоа како изгледа вашето тело, вашите аутфити ќе изгледаат подобро и целокупниот впечаток ќе биде подобар...
И покрај тоа што сите би сакале да изгледаат како модели, факт е дека секој од нас има различен тип на тело и невозможно е да се очекува дека секое парче облека ќе одговара на сите подеднакво добро.
Најлошото нешто што можете да направите кога купувате облека е да купите парчиња кои едноставно не се за вашата форма на тело. Девојките кои имаат поголеми гради нема да изгледаат исто во маица, како оние кои се скоро рамни. Иако големите гради се нешто за што копнеат многу девојки, оние што ги имаат знаат колкав проблем може да биде ова понекогаш. Понекогаш купувањето маица е вистински кошмар. Ако не сакате градите да ви излегуваат и да испаѓаат од маичката и секако доколку сакате да изгледате пристојно и умерено, постојат модели на маици кои треба да ги избегнувате, како и оние кои ќе изгледаат одлично за вас. За девојките со поголеми гради има 4 модели на маици кои ќе изгледаат одлично на нив и со нив никогаш не треба да се плашите дека ќе направите грешка, а ова се следниве.
# Маици на преклоп
# Маици со V деколте
# Маици од „набран“ материјал
# Маици со деколте во форма на срце
А, сега погледнете ги моделите на маички кои девојките со поголеми гради треба да ги избегнуваат - ги има 3:
# Маици кои се шират веднаш под градите
# Маици со вградени градници
# Стандардни кошули