Кои млади холивудски ѕвезди се популарни поради своите родители, а кои поради сопствениот труд и напорна работа?
Некои ѕвезди имале среќа што родителите им се познати, а другите морале малку повеќе да се потрудат...
На некои актери и познати личност им било многу полесно да дојдат до улоги и да се пробијат во Холивуд, бидејќи имаат познати родители. Тоа навистина им помогнало да дојдат под светлата на рефлекторите. Од друга страна, некои успеале во тоа без никакви врски. Кои познатите ѕвезди припаѓаат во овие две групи?
Ѕвезди кои доаѓаат од познати семејства:
# Хејли Бибер
Иако Хејли не продолжи да се занимава со глума, како и нејзиниот познат татко, некои веруваат дека тој ѝ го обезбеди местото во светот на моделингот. Татко ѝ е познатиот актер Стивен Болдвин, а со тоа и чичко ѝ е исто така познат во актерските води - Алек Болдвин.
# Бруклин Бекам
Бруклин често е на мета на критики и исмејувања, но не се замара премногу со тоа. Се обидува да се пробие како готвач, но таа професија не ја сфаќа сериозно. Причината за тоа е тоа што е и повеќе од популарен, најмногу заради неговите родители Дејвид и Викторија Бекам.
# Оливија Џејд
Инфлуенсерката Оливија Џејд својата кариера ја има започнато како Јутјуберка пред скоро 10 години, а многумина веруваат дека во тоа успеала само затоа што има познати родители. Нејзината мајка ја знаат сите, глумеше во серијата „Full House“, а таа е Лори Лофлин. Нејзин татко е модниот дизајнер Мосимо Џанули.
# Каја Гербер
Моделот и актерка Каја Гербер доаѓа од познато семејство. Таа ги следеше чекорите на својата мајка, а мајка ѝ е една од најголемите супермодели - Синди Крафорд. Сигурно тоа многу ѝ го олеснило пробивањето во модната индустрија.
# Ноа Сајрус
Били Реј Сајрус е човекот кој го проби своето семејство во шоубизнисот. Познат е во светот на кантри музиката. И Мајли и Ноа добија можност само поради него.
# Маја Хок
Знаеш ли дека Робин од „Stranger Things“ всушност е дека на многу познатата актерка? Мајка и татко на Маја се Ума Турман и Итан Хок. Нема кој не слушнал за нив, а сега и Маја тргна по нивните стапки.
# Вилоу и Џејден Смит
Дали овој двоец би било познат доколку не им се Вил Смит и Џејд Пинкет Смит родители. Тој е ултра познат актер, а таа водителка на токшоу. Вилоу и Џејден се пробија во музичките води и имаат прилично успешна кариера.
# Тимоти Шаламе
Актерот исто така е дете на познати родители, иако можеби не си слушнала за нив, актерскиот свет навистина ги знае. Неговиот дедо Харолд Флендер, а мајка му е актерката и пејачка Никол Флендер.
Ѕвезди кои до популарноста стигнале благодарение на себе:
# Маитреја Рамакришнан
За улогата во „Never Have I Ever“, која ја прослави, Маитреји се натпреваруваше со 15.000 други луѓе. На аудицијата дошла сосема случајно, само за да ги поддржи пријателите, не ни помислила да се пријави. Таа сфатила дека сака да биде актерка откако работела во училишна претстава и ѝ се допаднало тоа.
# Мили Боби Браун
Таа веќе на 8 години знаела дека сака да биде актерка и тоа им го кажала на родителите. Очигледно сфатиле колку многу го сака тоа, бидејќи се преселиле во Лос Анџелес за да и дадат шанса да го оствари својот сон. Вредело!
# Џена Ортега
Џена беше случајно откриена како 9-годишно дете на Фејсбук поради видеото што го објави нејзината мајка. Тоа допре до вистинските луѓе кои видоа колку е талентирана и стапија во контакт со агентите за кастинзи.
# Хантер Шафер
Актерката која го глуми Жил во „Еуфорија“ не е позната фаца. Завршила средно уметничко училиште и всушност сакала да продолжи во модното училиште, но картите испаднале поинаку и таа завршила во актерските води.
# Џејкоб Елорди
Тој преку ноќ стана познат благодарение на улогата во „The Kissing Booth“. Немал богато или влијателно семејство кое би го протуркало и дури некое време живеел во својот автомобил.
# Сиднеј Свини
Сиднеј потекнува од мал град и нејзините родители не се познати личности. Меѓутоа, на 12 години одлучила дека сака да биде актерка и склопила цел план за да ги убеди родителите што полесно да ја пуштат на аудиции. И еве ја денес, супер позната млада актерка.
# Лана Кондор
Таа долго време сакала да биде актерка, но кога првпат се обидела да најде агент кој ќе ја застапува, тоа не ѝ успеало. Морала да работи напорно, а потоа улогите и филмовите сами почнале да ѝ доаѓаат.
# Сабрина Карпентер
Таа не се прослави затоа што има познати родители, туку благодарение на Мајли Сајрус. Мајли организираше натпревар во пеење, а Сабрина заврши на третото место. Така го доби првиот договор. Пред да стане позната пејачка, таа објавуваше кавери на Јутјуб со надеж дека некој ќе ја забележи.
фото: Принтскрин / Инстаграм