Кој беше Немања Вуковиќ, „Ѕвездата на Гранд“ која трагично го загуби животот: Жените го обожаваа, колегите уживаа со него, а овој пејач му беше идол

Кој беше Немања Вуковиќ, „Ѕвездата на Гранд“ која трагично го загуби животот: Жените го обожаваа, колегите уживаа со него, а овој пејач му беше идол

Објавена во: Живот // Живот

Животот го изгуби вчеравечер...

Немања Вуковиќ (22), некогашната „Ѕвезда на Гранд“, вчера вечер го изгуби животот кај Добановачка Петља кога на него налетал автобус. Прво имал сообраќајна несреќа, а според зборовите на присутните, од автомобилот излегол во свесна состојба, па почнал да трчи.

Настрадал во тој момент, што многумина остави во шок.

Вуковиќ во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше во сезоната 2018/2019 година. Жирито му доделуваше пофалби како за пеењето, така и за изгледот, а менторка му беше Јелена Карлеуша, која цело време навиваше за него.

По потекло е од Фоча, каде што одел и во средното Економско училиште, а покрај пеење, свирел и клавијатури.

Во една прилика, тој имаше кажано дека слободното време го поминувал во прошетки, на забави со пријателите... За себе зборуваше и дека е тврдоглава, но харизматична личност. Беше голем миленик на понежниот пол.

Идол му беше Пеѓа Меденица, со кој во еден момент и соработуваше.

По натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“, му беа отворени многу врати. Ги полнеше клубовите и се дружеше со многу познати колеги - Гога Секулиќ, Александра Бурсаќ... Кон крајот на овој месец, требало да настапува со Слаѓа Алегро, која тажните вести ја оставија во шок.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: