Кој е татко на детето на Амбер Херд: Дали е највлијателниот човек на светот? (ФОТО)

Кој е татко на детето на Амбер Херд: Дали е највлијателниот човек на светот? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Се шпекулира дека таткото е еден од највлијателните луѓе во светот.

Судењето на Џони Деп и Амбер Херд го украде вниманието на публиката ширум светот, а барем судејќи според мрежите - Амбер живее многу помирен живот со ќерката Уна.

Актерката го претстави своето дете на светот во јули 2021 година, откривајќи дека е родена порано во април истата година, а еве што знаеме за нејзината едногодишна ќерка.

На 1 јули 2021 година, Амбер го изненади светот со фотографија на која го гушка своето новороденче. Потоа напиша дека е возбудена затоа што оваа радосна вест може да ја сподели со своите фанови.

„Пред четири години решив дека сакам да имам дете, но сакав да го направам тоа по мои услови. Сега ценам и разбирам колку е радикално за нас жените да размислуваме за најважните работи од нашата судбина на овој начин“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

„Се надевам дека ќе дојдеме до тој степен да се нормализира дека не морам да имам прстен за да имам креветче. Мојата ќерка е родена на 8 април 2021 година, се вика Уна Пејџ Херд и таа е почеток на остатокот од мојот живот“, изјави актерката.

Таа на интернет откри и дека и е „мама и тато“ на својата ќерка, откако ја родила со помош на сурогат мајка.

Амбер напиша: „Јас сум и мајка и тато. Таа е газдарица“.


Кој е таткото на детето?

Амбер беше во врска со основачот на Тесла - Илон Маск, а Џони Деп тврдеше дека имала врска и со актерот Џејмс Френк, но никогаш не се откри навистина кој е таткото на бебето.

Се шпекулираше дека можеби таткото е Илон Маск, но дека детето го родила сурогат мајка со ДНК материјал Маск.

Писателката Џесика Рид Клаус изјави дека блиски анонимни извори тврдат дека Маск донирал сперма за Херд да забремени и дека тој е биолошки татко на девојчето. Маск никогаш не се огласи за тоа.

Од друга страна, постои и можност донатор да е анонимна личност за јавноста пишува Hello.

извор:stil

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: