Кој е твојот потсвесен страв: Она што прво ќе го видиш на фотографијата ќе ти го даде одговорот
Што крие твојата потсвест? Погледни ја фотографијата и запамети која е првата работа која ја забележа на неа. Потоа погледни што значи тоа и кој е твојот најголен потсвесен страв.
Сега погледни што таа работи открива за тебе. Доколку прво забележа:
# Нож
Можеби помисли дека доколку прво го забележа ножот твојот најголем страв е поврзан со насилство и напад на тебе, но не е така. Доколку на фотографијата го забележа ножот тоа значи дека твојот најголем страв е соочувањето со некоја болест. Може да значи дека се плашиш дека ќе добиеш некоја смртоносна болест или дека таа ќе „нападне“ некоја за тебе драга личност, па дури и да се појави некоја нова болест која ќе се прошири низ светот и ќе резултира со масовно заболување. Иако нема ништо лошо во тоа да се трудиш малку повеќе околу тоа да бидеш здрав/а и да не ти падне имунитет, проблемот настанува кога размислуваш од што можеш да се разболиш и тоа ќе те понесе. Дури и најмногу да внимаваш на светот и да живееш здраво, тоа не е гаранција дека ништо нема да ти се случи.
# Гасеница
Не, твојот најголем страв не се инсектите, туку духовите и натприродните појави. Можеби овој страв не го покажуваш јавно и не зборуваш за тоа, но знаеш дека тоа е тоа. Не мораш да имаш логична причина зад стравот, без разлика дали е ова нешто од што се плашиш отсекогаш или однеодамна, во ред е да се плашиш од духови и натприродни појави. Како да не се плашиме од нешто непознато и за што не се знае многу? Духовите често претставуваат смрт и прашање што се случува по смртта, а тоа е едно од ретките прашања на кое луѓето не успеваат да дадат никаков одговор.
# Пеперутка
Твојот најголем страв е одбивањето или предавството. Најверојатно многу добро ти оди криењето на овој страв, но тој и понатаму е дел од тебе и стои зад некои твои постапки. Ги сакаш своите пријатели, семејството, момчето/девојката и знаеш дека и тие те сакат тебе, но не можеш да си помогнеш да немаш едно око кое внимава на нив. Да веруваш на луѓето за тебе не е лесна задача, дури иако безброј пати ти покажале дека нема да те издадат, но некогаш едноставно мораш да се опуштиш и да им веруваш.
# Јаболко
Доколку јаболката е првата работата која ја забележа на фотографијата, тоа е знак дека твојот најголем страв е смртта. Стравот од смрт е тешко да рационализира и да се помине преку него, бидејќи да бидеме реални, смртта е страшна. Тоа е најмалку позната ситуација која се случува за време на животот, но е и единствена за која сме сосема сигурни дека ќе се случи. Немој да дозволиш овој страв да управува со твојот живот, бидејќи ќе пропуштиш многу забава и луди авантури. Најдобар начин да го победиш овој страв е да се сетиш дека смртта е составен, природен, дел од животот и дека не можеш да направиш ништо за да го промениш тоа. Освен доколку си супер научник и да имаш трага да пронајдеш лек за бесконечен живот.