Кој лик си ти од серијата „Пријатели“ според хороскопски знак?

Кој лик си ти од серијата „Пријатели“ според хороскопски знак?

Те заинтригира? Провери.

Една од најпопуларните серии на светот има многу ликови, од главни до некои кои не се секогаш тука, но на сите им се добро познати. А, на кој сите нив на личиш според хороскопскиот знак?

# Овен - Рејчел

Овните се Рејчел според многу причини. Ниту еден друг лик не е толку Овен како неа. Една од нејзините главни карактеристики е дека е полна со самодоверба и тоа им  е јасно на сите од мометот кога ќе се појави негде. Сипматична е и драга, поради што на луѓето им е тешко да оддолеат да се заљубат во неа или да се дружат со неа, исто како и со другите луѓе родени во знакот на Овен. Исто како и Овните, Рејчел е имплусивна - особено кога е во прашање шопингот.

# Бик - Ричард (Момчето на Моника со кој подоцна раскина)

Милион Ричард е олицетворение на Бикот. Иако не е еден од главните ликови, сите го знаат, бидејќи беше во врска со Моника. Како и луѓето родени во овој знак и тој е одговорен, верен и стои со две нозе на земја. Има супер работа, убаво уреден дом и пријатели кои го сакаат. Знае што сака, а што не и не дозволува на никој да влијае на тоа - вистинска тврдоглавост, познатата и главна карактеристика на Бикот.

# Близнаци - Фиби

Фиби е вистински Близнак, еве поради што! Нежна е и љубопитна, со што ги привлекува луѓето околу себе. Можеби е малку чуден и некогаш прави глупости кои не би требало, но сето тоа доаѓа од најдобри намери. Таа секогаш се прилагодува на секоја ситуација која и се случува во животот, исто како и Близнаците. Знае секогаш како да ја подигне атмосферата и имаат големо срце.

# Рак - Рос

Рос е како овој знак, особено кога станува збор за промените во расположението. Се сеќаваш на сцената кога тотално полудува бидејќи некој го изел неговиот сендвич? Не е баш најдобар во контролирањето на емоциите, како што не се и Раковите, но и тоа е една од причините поради кои ги сакаме. Како и Раковите, Рос е многу емоционален, ја сака љубовта и е упорен.

# Лав - Џои

Никој друг не е толку Лав како што е Џои. Кога тој е тука, никој не ја тргнува насмевката од лице. Џои е олицетворение на забавата! Секогаш ја крева атмосферата, смислува шеги и ги смее сите. Со сите добро се согласува, но некогаш е многу тврдоглав. Плус е актер и ги обожува рефлекторите. Сака да заведува и освојува, а за некое чудо тоа најчесто му успева.

# Девица - Моника

Нема забава, само работа. Така е тоа во светот на Девицата, но и во светот на Моника. Таа е сосема во напредувањето на својата кариера и си поставува високи критериуми. Нема лик во оваа серија кој е повнимателен од неа, без оглед на тоа што е во прашање. Исти такви се и Девиците.

# Вага - Гунтер (Келнерот од Central Park)

Уште едне лик кој не е помеѓу главните актери, но секогаш тука некаде е Гунтер и тој е навистина типична Вага. Избегнува конфликти и кавги по секоја цена, но е секогаш тука и внимава што се случува. Уверен е дека на него и на Рејчел им е судено, иако тоа никогаш и го нема кажано.

# Шкорпија - Мајк (Љубовта на Фиби и трет сопруг - последна сезона)

Шкорпиите се најхрабри од сите хороскопски знаци, а кој од „Пријатели“ е похрабар од Мајк? Ја покажа храброста и е подготвен на ризик кога долета и ја запроси Фиби. Неговата љубов и кон неа е толку прекрасна и слатка, а таков третман во врска можат да понудат само Шкорпиите. Кога овој знак нешто сака, ќе направи се што е во негова моќ за да го добие.

# Стрелец - Чендлер

Кога ќе помислиш на Чендлер, првата работа која сигурно ти паѓа на ум е неговата смисла за хумор. Како и Стрелците, тој е полн со досетки, шеги, вицови и по тоа сите го знаат, како вистински шегаџија. Без размислување, скеогаш ќе каже се што ќе му падне на ум. Освен што е забавен, има и романтична страна која не се плаши да ја покаже.

# Јарец - Керол (Поранешната жена на Рос)

Јарците сакаат да бидат опкружени со своето семејство, како и Карол. Бен и Сузан ги скаа повеќе од било кој друг и се би направила за нив. Покрај тоа е одговорна, исто како и Јарците.

# Водолија - Емили (внуката на шефот на Рејчел; се омажи за Рос)

Исто како што Водолиите се изборуваат со некоја лоша ситуација - бегајќи од неа, истото тоа го прави и Емили. Тие едноставно не знаат да се снајдат во некоја неудобност и со задоволство ќе се сокријат од целиот свет, отколку да се соочат со реалноста, дури иако хаосот во кој се имаат најдено не е по нивна вина.

# Риби - Џанис (Девојката на Чендлер - па поранешна - па повторно девојка...)

Џанис е вистинска Риба. Сака да ја игра улогата на жртва (сериозно, колку пати оваа девојка плачеше во „Пријатели“? Милион), но е добра личност која има најмногу сочувство. Џанис и Рибите иако лесно им веруваат луѓето, не им треба долго време со некој да се чувствуваат пријатно и потполно да му се отворат. Не знаат да прифатат кога некој ќе им каже „не“, затоа толку пати таа му се враќаше на Чендлер и покрај тоа што знаеше дека е незаинтересиран.

Можеби ќе ве интересира: