Која е Ања Благојевиќ, девојката во која се заљуби српскиот јутјубер Бака Прасе?

Која е Ања Благојевиќ, девојката во која се заљуби српскиот јутјубер Бака Прасе?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бака Прасе пред неколку дена сподели видео со девојката Ања Благојевиќ, по повод нивната прва годишнина од врска. Иако во видеото не го откри нејзиното име, подоцна сподели незаматена фотографија со неа, па на неговите обожаватели не им требаше долго за да ја пронајдат. За нивната врска се зборуваше и порано, а во продолжение погледнете што се знае за девојката на чиј шарм падна познатиот јутјубер.

Ања е родена на 20 февруари 2000 година во Босна и Херцеговина. Значи, неодамна таа го прославила својот 21 роденден. Висока е 167 сантиметри, има црна коса и светло кафени очи, а освен босански, зборува уште три јазика, англиски, германски и српски, стои на страницата на Model Menagement.

Ања се занимава со фитнес, таа е професионален тренер, а освен тоа е и модел и инфлуенсерка. На Инстаграм профилот моментално ја следат повеќе од 240.000 луѓе, а секоја нејзина објава на Инстаграм собира и по 50.000 лајкови.

Таа е личен тренер за „Move Me“ и се занимава со спорт уште од мала.

„Ања од мали нозе се занимава со фитнес, а од 17 години сериозно тренира. По завршувањето на курсот за фитнес IFBB и проучувањето на правилната исхрана, таа запона да ги трансформира сопствените физички цели. Сега е посветена на тоа да им помогне и на другите да го направат истото. Таа е сертифициран кондициски тренер и личност која дефинитивно ќе те натера да се придвижиш“ - пишува на нејзиниот профил на страницата MoveMe.com.

На таа страница може да пронајдете и неколку видеа од Ања со вежби, па може конечно да се поттикнете на некоја нова телесна активност - дури и кога сте дома.

Иако на Инстаграм веќе има голема публика и обожавателите, неодамна започна да снима и за ТикТок. Првото видео Ања го објави во февруари. На истото покажува како подготвува роденденска торта, а моментално на ТикТок има повеќе од 10 видеа и скоро 43.000 следбеници. Освен рецепти, Ања за ТикТок снима и влогови, смешни видеа и вирални предизвици.

@anjablaa

##fyp

original sound - Erica

Така, Ања неодамна го сними предизвикот во кој на момчето - сега веќе знаеме дека тоа е Бака Прасе - му испрати селфи и ја чекаше неговата ракција. Бака на тоа селфи и одговори: „Колку си кјут“, а видеото има повеќе од 200.000 луѓе.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: