Која е Коко Капитан, миленичка на Гучи и Вог?

Која е Коко Капитан, миленичка на Гучи и Вог?

Објавена во: После „Школо“ // PR

Едни од најинтригантните едиторијали на светските брендови, како што се Гучи, Пако Рабан, Маисон Марџиела, на насловните на Њу Јорк Тајмс, Дејзд (Dazed), Ем ле Монде (M Le Monde) и Вог (Vogue), се дел од делата на 27-годишната уметница со шпанско потекло, Коко Капитан (Coco Capitán). Освен фотографии, оваа интерпретаторка на поп-арт, создава мурали кои ги красат големите престолнини како Лондон, Њу Јорк, Шангај... За Коко работното место е секое место на кое што се наоѓа во моментот и единственото нешто кое ѝ е потребно, покрај креативноста, е ефикасен работен алат.


Својата уметност ја преточува низ три гранки – фотографија, сликарство и проза. Иако често пронаоѓа инспирација на друштвените мрежи, до најоригиналните идеи доаѓа надвор, кога ги завршува своите секојдневни обврски. Во работата користи лесно пренослив уред кој ѝ овозможува непречено и истовремено да забележува сè кое ја опкружува. Во соработка со Хајпербист (HYPERBEAST), најпознатиот портал посветен на уличната мода и трендовите, Коко го претстави Galaxy Tab S6, новиот таблет на Samsung кој го користи секојдневно.

„Кога го бирам својот работен алат, важно ми е да е лесен за користење, да е прилагодлив на мене, а Galaxy Tab S6 можам да го држам во една рака, додека со другата сликам, нешто кое моето креирање го прави едноставно и удобно. Забавата и креативноста станаа важен дел од моето уметничко изразување,“ изјави Коко.

Во Њу Јорк таа моментално работи на нова серија на слики, користејќи го Galaxy Tab S6, како важен дел од процесот. Сликите и фотографиите на Капитан го прикажуваат нејзиното вродено разбирање на формите, нетипичните бои и композиции. Со комбинација на интимност како и разиграност во изразувањето, таа искажува прикриена социјална критика и загриженост околу вредностите во друштвото.

Видеото од неа може да го погледнете на: 


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: