Која е претепаната пејачка Марина Радосављевиќ? Повеќе пати беше во „Ѕвездите на Гранд“, а еве зошто Карлеуша викаше на неа (ВИДЕО)

Која е претепаната пејачка Марина Радосављевиќ? Повеќе пати беше во „Ѕвездите на Гранд“, а еве зошто Карлеуша викаше на неа (ВИДЕО)

Објавена во: Живот // Живот

Маки минатата година издаде и песна за Гранд продукција, продолжи да настапува, а вчера беше брутално претепана...

Во медиумите од утрово како бомба одекна веста дека вчера, пред локалот во Врњачка Бања, каде што требало да настапува, била претепана пејачката Марина Маки Радосављевиќ и некогашна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“.

Марина веќе долги години се занимава во пеење, а на пошироката јавноста ѝ стана позната по повеќегодишното учество во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, Марина за првпат во јавноста се појави во 2013 година во споменатото шоу, за потоа во истото да учествува и во 2016, 2020 и 2021 година.

Воглавно се претставуваше со народни песни, а често изведуваше песни до Ана Бекута, Снежана Ѓуришиќ, Лепа Брена и други.

Во минатогодишната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Марина испадна од натпреварувањето непосредно пред финалето, а истата година го издаде и синглот „Плачи мала“ за Гранд продукција.


Во една од емисиите од 2021 година, Јелена Карлеуша злобно се изнасмеа кога Ана Бекута констатираше дека Марина би можела да дојде до финалето, а потоа брутално ѝ порача:

„Марина, зошто не ти дадов глас... Воопшто не ми е проблемот во твоето пеење, но што не е во ред со тебе девојко? Зарем во старт Мики, со Yм не ти звучи дека нешто не е во ред? Погледни како се имаш облечено! Имаш ли Инстаграм, ме следиш ли мене? Прашај, побарај совет и на сето тоа овие две песни! Тоа е смет“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: