Која форма на женско тело се сметала за „совршена“ низ историјата: Од екстремно слаб изглед до Ким Кардашијан
Стандардите за убавина постојано се менуваат, а секоја декада носи „ново совршенство“...
Убавината е многу субјективен поим, но за дали некој е убав или не, сите најчесто одредуваат според она што во тој момент се смета за „стандард за убавина“. Тој со годините постојано се менуваше, а моментално за девојки со идеално тело се сметаат они кои наликуваат на Ким Кардашијан.
Откако ќе го поминеш денот на Јутјуб и Инстаграм и навечер ќе се погледнеш себеси во огледало, може да се чувствуваш незадоволно и тажно, затоа што твоето тело не изгледа „совршено“. Но, што значи совршено тело? Не постои само една форма на тело што е убава, а сите други да се грди и несовршени. Проблемот со телото е што формата на телото во која сте родени е невозможно да се промени, освен ако не планирате да одите на пластична операција, што во никој случај не е добро решение. Секој облик на тело е убав и посебен на свој начин, и само затоа што не изгледаш како што во моментот се смета за совршено, не значи дека не си совршена.
Како што поминуваат години, децении и векови, така поминува и поимот „совршено женско тело“. Можеби сега не изгледате според стандардите на совршенството, но во одреден период во минатото, вашето тело сигурно било токму онакво какво што секој сакал да има. Во продолжение погледнете како низ годините се менувал поимот за „совршено женско тело“:
# Денес
Големи гради, голем задник, тесен струк, рамен стомак. Кога се презентира денешниот идеал за убавина и совршено тело, најдобро е да се стави фотографија од Ким Кардашијан, бидејќи тоа е она што денес се смета за идеално. Ким не е единствената која изгледа вака, но ја прослави и повторно ја воведе оваа форма на тело во мода. И порано, жените кои изгледале вака се сметале за совршени, но со текот на годините се менувале работите, а денес се повторно тука. Да се постигне овој изглед на природен начин не е лесно, поради што освен за идеално, се смета и за пластично.
# 1990
Сосема спротивност од она што е убаво денес кога станува збор за изгледот на телото. Екстремниот слаб изглед беше ИН, како и бледата кожа. Моделот на кој сите гледаа во тоа време беше, на пример, Кејт Мос, која изгледаше точно како што се бараше. Типичен изглед на моделите што ги гледаме на модните писти.
# 1980
Атлетска градба, висина, обликувани раце. Ова е периодот кога се родија вистинските супермодели и кога тие станаа пример за тоа како девојките треба да изгледаат. Слаби девојки кои се грижат за своето тело, а не се претерано слаби, туку изгледаат како редовно да играат одбојка во слободното време - тоа е она што го сакаше во тоа време. Вежбањето дома со видеа стана многу популарно во овој период за да се постигне овој изглед. Поточно, изглед на слабо, но здраво тело.
# 1960 - 1980
Виткост, долги и тенки нозе, женственост. Иако во претходниот период поимот идеално тело беше поврзан со слабост, во овој акценктот е ставена на витката става со доза на женственост. Атрубутот кој посебно се истакнал во тој период беа долгите нозе. Сетете се на Одри Хепберн, таа е добар пример за тоа како девојките сакале да изгледаат во овој период.
# 1950 - 1960
Мерилин Монро беше идеалот за убавина во овој период. Телото во форма на песочен часовник повторно беше изгледот кој сите жени сакаа да го постигнат. Сите сакаа облини, големи гради, тесен струк и нагласени колкови. Идеалот за убавина за одреден период секогаш се врзува преку некоја јавна личност, а тоа стана уште поизразено во последно време кога филмот и музиката станаа индустрии што диктираат што е пожелно кога станува збор за изгледот.
# 1920
Рамно, машко тело, без изразени гради. За разлика од претходниот период, во овој идеалот за женска убавина беше тотално спротивен. Нема тело во облик на песочен часовник или какви било облини. Колку помажествено изгледале девојките, толку се сметале за подобри и посовршени. Дури и жените носеле кратки фризури, само за да изгледаат повеќе во овој стил. Се носеле градници што ги правиле градите порамни, како и облека што не ги истакнува колковите и другите облини.
# Викторијански период
Песочен часовник беше формата на тело што беше супер популарна во тоа време. Тој период се носеле корсети и нивното затегнување и носење од утро до вечер беше нормално за сите жени. Половината требало да биде што е можно потесна, колковите дополнително нагласени со облека, а градите бујни. Тој им помогна да ја постигнат оваа фигура, затоа што ја затегал половината и на тој начин нагласувал колку е тесен струкот, што било многу важно. Ова е периодот кога девојчињата секој ден носеле долги фустани, кои сега би биле премногу, дури и за матура.
# Ренесанса
Облини, заоблен стомак, колкови, светла кожа. Во овој период, улогата на жените, од нивната младост кога се венчале, била да го покажат својот статус со изгледот, т.е. колку заработува сопругот. Освен по облеката, тоа се покажувало и по изгледот на телото. Поисполнетото тело значело дека се добро омажени и било многу ценето да се изгледаат така. Сликата на Ботичели, „Раѓањето на Венера“ совршено прикажува кое женско тело се сметало за идеално во овој период.