На која сестра ѝ стои подобро фустанот од латекс - Ким или Клои Кардашијан? (ФОТО)

На која сестра ѝ стои подобро фустанот од латекс - Ким или Клои Кардашијан? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Мораме да признаеме дека Клои изгледа одлично...

Ким Кардашијан е позната по своите латекс изданија кои често ги носи, особено кога се во прашање тесните и припиени фустани. Но, овој пат Клои е таа која износи многу сличен фустан на оној кој го носеше и Ким пред неколку години.

Клои Кардашијан овој пат облече фустан по кој нејзината сестра Ким, годинини наназад често е во центарот на вниманието. Станува збор за неверојатно тесен фустан од латекс во бежова боја, а Ким е позната по разните варијации на овој ист фустан, бидејќи често ги носи. Но, овој кој го обелече Клои е скоро па идентичен на оној кој го носеше Ким во 2015 година, само што Клои сега ја носеше подолгата верзија, додека онаа на Ким беше многу пократка.


Горниот дел од фустанот не е идентичен, со оглед на тоа што Ким има длабоко деколте и генерално нејзиниот фустан е со поинаков облик во долниот дел, но и понатаму е воочлива големата сличност помеѓу овие два модели, пособено поради бојата. Но, сега се поставува прашањето, на која сестра подобро ѝ стои овој фустан? Клои изгледа навистина одлично во овој модел, но што мислиш ти?

фото: Инстаграм / kimsasuper; thedailystardust

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: