Колку беше „тежок“ еден од најшокантните холивудски разводи? Џенифер и Бред Пит не потпишувале предбрачни договори

Колку беше „тежок“ еден од најшокантните холивудски разводи? Џенифер и Бред Пит не потпишувале предбрачни договори

Објавена во: Живот // Живот

Двојката во јануари 2005 година соопшти дека ќе се разведува...

Џенифер Анистон и Бред Пит се венчаа во 2000 година и тогаш не потпишаа предбрачни договори. Таа од една епизода во серијата „Пријатели“, заработуваше по 1.000.000 долари, додека тој бил исклучително активен актер… Заедно ја реновираа куќата, планираа семејство, но во јануари 2005 година и објавија на јавноста дека се разведуваат. Тоа ја натера јавноста да помисли на две работи - што навистина пресуди и колку е навистина „тежок“ еден од најшокантните холивудски разводи.

Сепак, беа една од омилените двојки и многумина веруваа дека долги години ќе поминат заедно.

Бидејќи бракот го случиле во Калифорнија, пренесува „Cheatsheet“, Анистон имала целосно право на половина од богатството на Бред, и иако тој заработил малку повеќе од неа, таа воопшто не била заинтересирана за пари. Меѓутоа, до моментот кога разводот беше финализиран (во октомври истата година), тие брзо и лесно се „разделија“. Џенифер, наводно, ја добила куќата во Беверли Хилс (во вредност од 29.000.000 американски долари), но исто така имала и помал удел во нивната производствена компанија „План Бе“.

За разлика од бомбастичниот развод на Бред со неговата следна сопруга Анџелина Џоли, претходниот е мед и млеко. Дури и денес, актерската двојка „натега“ околу имотот и старателството, иако „Бранѓелина“ всушност не постои од 2016 година.

фото: profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: