Колку чини да имате шест деца? Не е евтино ниту кога сте Анџелина Џоли и Бред Пит
Оскаровката Анџелина Џоли често е фотографирана како оди на шопинг со своите деца во Лос Анџелес.
Актерката често ја гледаат другите купувачи во супермаркетите ширум Лос Анџелес, а за време на секојдневните шопинзи често друштво и прават нејзините деца. Под таквите фотографии не е необично да се најде коментар од типот „Колку пари те чини ова кога имаш шест деца?“
Добро прашање!
Анџелина Џоли и Бред Пит беа во среќен брак со шест деца, а потоа следуваше разводот кој го шокираше светот.
Во текот на нивниот брак, парот често се соочуваше со критики поради начинот на воспитување на децата, а обожавателите и понатаму се занимаваат со ова.
Бидејќи и двајцата се професионални актери, децата воглавно ги чуваат дадилки. Имаше приказна дека родителите немале никаква контрола над нив, па така на Медокс му било дозволено да вози автомобил низ имотот.
Обвинувањата стануваа се посилни откако семејството ги посети потенцијално опасните земји како дел од хуманитарната работа на Анџелина Џоли, но и кога нивната ќерка Шило почна да се облекува како момче, за што доби поддршка од родителите.
Сега тие времиња се минато, а Џоли и Пит продолжија по различни патишта по борбата за старателството над шестте деца.
Меѓутоа, трошоците за живот со шест деца не се воопшто евтини, па дури и кога сте холивудска ѕвезда.
Откако Анџелина започна да работи во Лондон, Бред и понатаму престојува во Холивуд, па децата често мораат да летаат од едниот родител кај другиот. Поради безбедноста и повеќе комфорт семејството користи приватни авиони за кои цената на картите е три пати поскапа од картите за прва класа во обичните авио - компании, односно чини 36 илјади долари за личност.
Сигурноста е исто така многу важна, па годишниот трошок за соработка со професионални телохранители чини околу 50.000 долари. На семејството му се потребни најмалку девет луѓе кои ќе работат во три сме за куќата да биде безбедна.
Со тоа имаат и неколку најмени дадилки од премиум агенција што семејството го чини околу 140 илјади долари на годишно ниво. Сите шест деца учат различни странски јазици, па за приватни професори се обезбедуваат дури 100 илјади долари годишно.
Овие калкулации не ги вклучуваат трошоците за готвач, возач, домашна помошничка, личен телохранител, како ниту провизиите на агенциите. Да не ги заборавиме и храната, облеката, приборот за учење и многуте други трошоци на секојдневно ниво.