Колку пари може да изгуби Ким Кардашијан по разводот?
Веруваме дека ова сепак не би требало премногу да ја загрижи...
Според пишувањето на „Форбс“, Ким Кардашијан моментално е најбогатиот член од семејството Кардашијан - Џенер. Нејзината нето вредност е проценета на околу 780 милиони долари, но тоа наскоро би можело да се промени.
Имено, по официјалното соопштение дека се разведува од раперот Канје Вест, нејзиниот буџет би можел да се намали, пишува „TMZ“.
Канје и Ким заедно имаат имот кој е вреден околу 70 милиони долари. Тоа вклучува заеднички недвижнини, околу 5 милиони долари вредни уметнички дела, накит вреден и до 3,2 милиони долари и акции кои моментално вредат околу 300.000 долари.
Американските медиуми пишуваат дека наскоро поранешниот брачен пар, моментално работи на договорот околу поделбата на заедничкиот имот, но кој колку ќе добие и за колку на крајот од оваа приказна Ким ќе биде „посиромашна“, тоа ќе го дознаеме по официјалниот развод.
Сепак, веруваме дека тие „неколку милиони“ нема премногу да ја растажат, со оглед на тоа што и понатаму ќе ѝ останат околу 700 милиони долари на сметката која ја заработила сосема сама со својот бизнис. Голем дел од нејзините пари се од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, сопствени емотикони и игри, како и од модните и брендовите за убавина - SKIMS и KKW Beauty.