Колку трае само шминкањето на Кајли Џенер кога се подготвува за некаде?
Замисли да седиш волку долго на стол додека те шминкаат и тоа редовно!
Додека таа се шминкаше, ти ќе се нашминкаш, подготвиш целосно, ќе јадеш нешто, ќе се сретнеш со пријателката и веќе ќе го имаш испиено кафето до пловина.
Кајли Џенер е дива, а ова само ќе ви покаже колку. Таа неодамна почна редовно да објавува видеа на својот канал на Јутјуб, а пред неколку дена објави и ново во кое ја шминкаше нејзиниот мејкап артист Ариел. Тоа беше и официјалното прикажување на новата колекција шминка „24K Birthday Collection“, која излегува за 24 -тиот роденден на Кајли. Додека Ариел ја шминкаше, тие разговараа за различни теми, а една особено се лепи на уво - времето што Кајли го поминува на шминкање. Три и пол часа!
Не е ни чудо што нејзината шминка секогаш изгледа толку беспрекорно, на кој не би, кога професионален шминкер те шминка три часа. Дури и Кајли е океј со тоа што шминкањето трае толку долго, бидејќи како што рече, таа го користи тоа време за да биде малку на мобилниот без да работи и да се дружи со својот шминкер. И што е најважно, на крајот секогаш е среќна бидејќи нејзината шминка изгледа совршено и секоја секунда од седењето се исплатува.
Ова е само една од интересните работи за кои зборуваа во новото видео. Кајли исто така коментираше дека секој купува едно руменило за кое се шпекулира дека го обожава, но дека вистинската вистина е дека таа воопшто не го користи. Откријте за што станува збор во видеото!