Комбинација на денот: Елена Ристеска како тинејџерка
Нашата поп-ѕвезда, Елена Ристеска која неодамна се одлучи за нов важен чекор во нејзиниот живот и е сопственик на своја козметичка линија ЕРА, е една од најдобро облечените на македонската естрада.
Секогаш следејќи ги светските модни трендови, но и трендови за коса и шминка, Ристеска често експериментира со својот стил.
Овојпат објави фотографија на која ја гледаме во едно поинакво, тинејџ издание, кое прави да изгледа 20 години помлада.
Патем, стајлингот на пејачката одлично се вклопува и со местото на кое се фотографирала.